Демократската Унија за Интеграција смета дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува еднаквоста во општеството да ја доживува како уцена.
ВМРО ДПМНЕ за жал ги отфрла прогресивните идеи поради заробеноста во конзервативниот ум на замислената етничка доминација во заедничката држава.
Бараме од ВМРО ДПМНЕ да се надмине себеси, да прифати еднаквост во општеството, и истовремено да се изјасни против Русија, за Европа, како и да се огради од поетските про-Путинистички ставови на нивната некогаш поразена русконосталгична кандидатка Гордана Давкова.
Демократската Унија за Интеграција смета дека граѓаните на нашата земја се убедени во прогресивните идеи на Али Ахмети и неговиот придонес за стабилноста на државата и нејзино Евро-Американска постројување. Тоа ќе го докажат и на 24 Април и на 8 мај.
Затоа е потребно, сите гласови да се концентрираат на Др. Бујар Османи за да се овозможи измена на Уставот и за изборот на претседател и за уставните амандмани, кои произлегуваат од Договорот за добрососедство со што одлучно ќе се придвижиме кон ЕУ.
Со ова и помагаме на државата, граѓаните, но и на ВМРО и СДСМ затоа што изнајдовме начин за да се постигне се во едно.
Само со вакви концентрирани напори и поддршка за најсилната албанска партија, ќе ја постигнеме целта и да се оттргнеме од Русија и руското влијание што ја зафати нашата економија, критичната инфраструктура, политичките партии, медиумите, верските заедници, граѓанското општество и има за цел да го дестабилизира нашето општество кревко и мултиетничко, мулти-религиско и мултикултурно, со домино ефект низ целиот регион.