Во понеделник првиот човек на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен доаѓа во Македонија во рамки на нејзината турнеја по земјите од Западен Балкан. Извори блиски на владата велат дека ништо спектакуларно нема да се случи. Но извори блиски до ДУИ се многу повеќе оптимисти, отколу реалисти како претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој е главен промотор на песимизмот дека уставни измени не се можни. Но и се повеќе луѓе од врвот на власта и на владеачката СДСМ се повеќе зборуваат за тезата дека Уставот не е конзерва која може да се отвара на неколку години и дека тоа повлекува сериозни политички пазари и желботека на пратениците.
Да се вратиме на ДУИ. Тие сакаат да го искористат овој простор во кој ВМРО ДПМНЕ е дел на неразмонтираната заробена држава, СДСМ е дел кој нема сила да ја расформира таа заробена држава, а ДУИ е дел на таа надградена и проширена заробена држава. Така што ДУИ сега сака да се промовира како мост и кон СДСМ и кон ВМРО ( прашање е кое ВМРО ) но и кон уставните измени.
Во исто време се појавија сериозни афери за членови на ДУИ во извршната власт, но сега за прв пат и за лидерот на партијата, Али Ахмети и членови на неговото семејство. Тие афери беа пласирани преку медиуми блиски нха ВМРО ДПМНЕ, медиуми под контрола на олигархијата, но и медиуми кои важеле за блиски на СДСМ. Луѓе блиски на СДСМ проценуваат дека Али Ахмети и ДУИ сега имаат многу повеќе потреба и се “зависни од коалицирање” со СДСМ токму поради тие афери и дека можеби ДУИ да стои добро на анкетите но партијата од Мала Речица се соочува со сериозна корозија на стратегија за чесност и командантски аскетизам на Али Ахмети.
Во последните два месеци од Мала Речица не ги демантираа информациите дека Ахмети имал средба со еден од лидерите на Белата палата и дека таа средба се случува во текот на август. Тука се споменува името на вториот човек на партијата Александар Николоски. Но втората страна не ја потврди автентичноста на таа средба.
Од друга страна токму албанскиоит фактор од ДУИ, но и дел од албанскиот фактор од безбедносното миље под контрола на Претседателот, Стево Пендаровски се споменуваа(т) како офицери за врска со Никола Груевски. ДУИ има добри односи со екипата на Данела Арсовска, која важи за блиска на Груевски, па дури и смената на Косана Мазнева Николиќ, од прв човек на ЈП Комунална хигиена се става во таков политички контекст.
Во последните седум дека луѓе од врвот на ДУИ имале средби со преставници на албанските коалициони партнери на кои ги информарале дека Никола Груевски контролира 14 пратеници во Собранието!? И дека ќе се оди на поголема бројка за да се покаже дека станува збор за драматичен раскол и поделеност внатре во Белата палата. Од СДСМ не ги коментираат тие информации и сега засега тие сметаат дека Мицкски не планира да гласа за уставните измени.
Од друга страна, дел од албанската опозиција нарачала анкети кај релевантни македонски агенции за мерење на рејтингот. Според тие анкети здружената албанска опозиција би броела од четири до шест пратеници, а ако сите албански партии би се здружиле против ДУИ тогаш таа бројка не би била поголема од 12 пратеници. Затоа, Ахмети и ДУИ веќе договараат коалиција со АА и Арбен Таравари која би им донела плус еден до два пратеници по донтовиот модел, освен сигурните пратеници на Алијансата, а таа коалиција би тежела значајно над 18 до 20 пратеници.
Извори блиски на власта брифираат дека од 10 до 15 ноември се ќе биде познато. Во понеделник доаѓа фон дер Лајен, на 2 ноември во процедура влегува Законот за амнестија, на 10 ноември ( има опција тоа да биде и на 8 ноември ) ќе биде доставен годишниот Извештај на ЕК за Македонија. И потоа се ќе биде кому иде. Така што во ноември политички може да биде потопло од овој октомври кој беше климатски најтопол во историјата.