ДУИ: СДСМ не настапува како опозиција, туку е ставен во служба на ВМРО-ДПМНЕ

Демократската унија за интеграција реагира на досегашната политика на СДСМ, која според нив е во функција на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ДУИ велат дека СДСМ наместо да се однесува како опозициска партија, се однесува како заробена партија која не се осмелува да ја оспори реалноста.

Од ДУИ велат дека Албанците нема да дозволат да бидат жртви на политички пазарења, па затоа СДСМ мора да преземе одговорност за своите постапки.

Целосна реакција:

Почна ли да се остварува договорот Мицкоски-Заев – маргинализација на Албанците како замена за амнестија со посредство на Кочо Анѓушев?
Денешното однесување на СДСМ се чини дека е се освен опозициска партија на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да се бори со актуелната власт, СДСМ се однесува како „заробена“ партија, која не се осмелува вистински да ја оспори власта, туку само ја легитимира со своето молчење и покорување.
Оваа трансформација не е случајна. Необјавениот договор меѓу Мицкоски и Заев, со посредство на олигархот Анѓушев, има јасна цел: да обезбеди имунитет во замена за влада која го елиминира политичкото влијание на Албанците.
Нели токму тоа е причината што СДСМ не се противи на зајакнување на елементи на „српскиот свет“ во Македонија?
Зошто не реагира на политиките кои имаат за цел да ја намалат политичката и економската улога на Албанците?
Зошто нема критики за нарушувањето на етничките баланси, исклучувањето на Албанците од институциите и рушењето на механизмите за претставување?
СДСМ веќе не е опозиција, туку нем гарант на проект кој им служи само на две групи: ВМРО-ДПМНЕ и оние кои бараат да се сврти назад процесот на политичка и економска еднаквост на Албанците.
Но, СДСМ не може да избега од својата историска одговорност.
Како партија која тврди дека е левица, мора да се врати на својот идеолошки идентитет и да ги брани принципите врз кои е изградена: граѓанска еднаквост, правична застапеност, еднакви можности и општествен напредок.
Молкот и потчинувањето на националистичките агенди не се патот на левицата – тие се патот кон нејзината крајна деградација.
Албанците нема да дозволат да бидат користени како жртва во тајни политички пазарења.
А ова не треба да го дозволат ниту македонските граѓани кои веруваат во еднаквост и правда.
Оние кои денеска молчат пред ова опасно сценарио, утре ќе сносат одговорност за неговите последици.