ДУИ: Скопје се гуши од загадувањето, бидејќи оваа влада ги игнорира итните повици за акција

„Во време кога Скопје е еден од најзагадените градови во светот, нашите граѓани се соочуваат со директна закана по животот од воздухот што го дишат секојдневно. Ова безмилосно загадување тивко ги убива граѓаните, секој здив го претвора во отров за нивното здравје“, се вели во соопштение на ДУИ.

„Додека болниците се полнат со граѓани кои се жалат на тешкотии со дишењето и здравствени проблеми поврзани со загадувањето, нелегитимниот министер за животна средина продолжува да ги следи своите приватни интереси во бизнисот со казино и многу други. Овој министер не е избран од граѓаните на слободни и демократски избори, туку на состаноците на ВМРО-ДПМНЕ, е симбол на една неодговорна власт која не се грижи за доброто на граѓаните, туку за личните интереси на тесна група.

Како да не беше доволно што нашите деца ги губат животите на клиниките поради лошо менаџирање, додека трошоците за живот се зголемуваат на неподносливи нивоа за многу семејства, сега секој здив на граѓаните е чин кој го загрозува нивното здравје и живот. Сето ова се случува затоа што оваа влада во повеќе наврати не презема ефикасни мерки против загадувањето, не обезбеди чист воздух и ја заштити животната средина.

Фактите се јасни: влада која не го заштити правото на граѓаните на чиста и здрава животна средина не може да се смета ниту за легитимна, ниту за компетентна. Додека граѓаните ги трпат последиците од загадувањето, плаќајќи ја крајната цена – нивното здравје и нивните животи – оваа влада останува рамнодушна, игнорирајќи ги итните повици за акција.

ДУИ повикува на итни и брзи мерки од надлежните органи за справување со оваа здравствена и еколошка криза. Граѓаните на државата заслужуваат чист воздух, заштита од загадување и Влада која ги штити и се грижи за нив, а не влада која ги остава на милост и немилост, велат од ДУИ.