Демократската унија за интеграција (ДУИ) се изјасни за дебатата за измените на Изборниот законик. Оваа партија вели дека За следните парламентарни избори, ДУИ ќе предложи отворени листи.
– За следните парламентарни избори, ДУИ ќе предложи отворени листи. Граѓаните мора да имаат право да изберат не само партија, туку и кандидатот што ќе ги претставува. Ова е најправичниот начин да се зајакне гласот на избирачот и да се обезбеди вистинско претставување во Собранието, вели потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи.