Според податоците од Центрите за контрола и превенција на болести, 690.000 парови се развеле само во САД во 2021 година. Тоа е околу половина од оженетите.
Според истражувањето на Форбс советникот, постојат неколку фактори за кои паровите сметаат дека го оптоваруваат нивниот брак. Најголемите причини за конфликт во бракот се изборот на кариера, родителските разлики, поделбата на работата во домаќинството, односите со семејството, односите со пријателите, финансиите и здравствените избори.
Изборот на кариера 46 отсто од разведените парови го навеле како виновник за крајот на нивниот брак, додека родителските разлики се на второ место со 43 отсто. Што се однесува до поделбата на домашните работи, студија од 2022 година покажа дека жените кои имаат партнер и деца имаат помала сексуална желба ако повеќе ги извршуваат домашните работи.
Само пет отсто од разведените парови рекле дека нема начин да го спасат својот брак. Дури 63 отсто од паровите веруваат дека подоброто разбирање на предбрачните обврски можело да им помогне да избегнат развод. Повеќе од половина рекле дека можеби се уште се во брак доколку подобро ги разбираат моралот и вредностите на нивниот сопружник пред бракот, пренесува CNBC.