Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ ги договорил личните услови за негова преселба во Пари Сен Жермен.
Оваа вест ја објави весникот Footmercato под ознаката „ексклузивна“.
Според овие информации, фудбалерот би добивал 11 милиони евра годишно, а договорот би бил потпишан на пет години. Секако, има и бројни бонус клаузули за голови, број на натпревари и трофеи.
Според француските медиуми, Душан Влаховиќ на средбата дознал каква улога треба да има во реконструираниот тим под водство на новиот тренер Луис Енрике.
Сепак, овој договор сепак не значи дека Душан Влаховиќ од Торино ќе се пресели во Париз. Сега на ред се челниците на двата клуба Јувентус и Пари Сен Жермен да ги договорат деталите.
Договорот, сепак, може да биде расипан од Тотенхем, кој во Душан Влаховиќ гледа замена за Хари Кејн во случај тој да се пресели во Баерн Минхен, како што се шпекулира.