Синот на хармоникашот Мирко Кодиќ, Александар Кодиќ, ненадејно почина на 28 октомври, а музичарот сега најде сила да раскаже како се справува со болката која засекогаш ги поцрни него и неговото семејство.
Тој за српската Хепи телевизија изјави како се чувствува сега.
– Како сум јас? Добро сум. Се подобрува. Она што е во мене, нека остане во мене. Морам да продолжам да се занимавам со ревијалниот живот. Хармониката е најдобриот лек за душата. Ќе се посветам максимално на играње и настапи, за да заборавам на некои работи што може привремено да се заборават – изјави Кодиќ.
Хармоничарот откри и дали му е тешко да го земе инструментот и да свири по трагедијата што ја доживеа.
– Тешко е додека не почнам. Кога ќе почнам да свирам, целиот сум во музиката и заборавам на сè – заврши Мирко.
Да потсетиме, тој од првиот брак го доби покојниот син Александар Мирко. Синот на Кодиќ своевремено бил вработен како шанкер во ресторан во Врачар, кој се наоѓа во близина на црквата Свети Сава, а кој бил во сопственост на познатиот српски кошаркар Дејан Бодирога.
Александар починал спиејќи, најверојатно поради проблеми со срцето. Како што изјавија тогаш неговите блиски пријатели, тој се пожалил на болки во стомакот кои тие денови не биле силни, па не побарал лекарска помош. Кодич важеше за примерен млад човек, за кој сите имаа пофални зборови.
Тој беше погребан на 1 ноември на гробиштата Лешче во присуство на семејството, роднините и пријателите, меѓу кои имаше и многу јавни личности од светот на музиката со кои Мирко соработува.