Ебрахим Раиси – Емануел Макрон: “Војната ќе се прошири доколку не престане израелската опсада на Појасот Газа“

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, денес, во телефонски разговор со претседателот на Франција, Емануел Макрон, предупреди дека војната ќе се прошири доколку не престане израелската опсада на Појасот Газа, објавија иранските државни медиуми.

Ситуацијата ќе се искомплицира… доколку не се запрат злосторствата на ционистичкиот режим, вклучително и убиствата на луѓе и блокадата на Газа“, лажа Ебрахим Раиси.

Иранскиот претседател не го спомна нападот на Хамас на 7. октомври од Газа врз јужниот дел на Израел, што ја предизвика последната војна, пишува Times of Israel наведувајчи дека Иран долго време беше поддржувач на оваа палестинска терористичка организација.

За време на разговорот, Емануел Макрон го предупредил Ебрахим Раиси дека Иран треба да избегне каква било активност што може да доведе до ескалација или проширување на конфликтот меѓу Израел и Хамас и да направи се што е можно за да го избегне тоа, соопшти кабинетот на Емануел Макрон, пренесен од британските медиуми.

Емануел Макрон, пренесе неговиот кабинет, му кажал на Ебрахим Раиси дека Иран, со оглед на неговите односи со Хезболах и Хамас, има одговорност во врска со можното ширење на конфликтот, особено во Либан.

Иран мора да стори сé што е можно за да избегне регионално разгорување на конфликтот“, изјави Емануел Макрон

војнаЕбрахим РаисиЕмануел МакронИзраелИранПалестинаФранцијаХамас