Едно лице е повредено додека евакуирани се десетина и градинка со 16 лица по експлозија на гас во зграда во Вашингтон. Пожарникарите веднаш реалирале на дојавата за истекување на гас во населбата Анакости, но не успеале да го запрат, пренесува „Би-Би-Си“.
„Гасот се чувствуваше. Можеше да се слушне како истекува, како и да го почувствувате од улица“, изјави Рајан Болтон од Противпожарната служба.
Експлозијата се случила во рок од 15-тина минути по пристигнување на противпожарните екипи на лице место и во неа се оштетени три згради.