Убавата Ева Лонгорија се појави во Париз на Модната недела која започна вчера.
49-годишната актерка привлече внимание при излегувањето од хотелот, а фотографите ја фатија во добро расположение.
Таа носеше проѕирен фустан со кој искомбинира црна јакна и црни чевли. Таа имаше многу малку шминка на лицето и ја пушташе косата.
Инаку, Лонгорија со години е позната како една од најелегантните и најатрактивните жени во Холивуд, а улогата во „Очајни домаќинки“ дополнително ја направи една од најбараните актерки на денешницата.
За потсетување, Лонгорија со сопругот и синот се пресели во Шпанија на крајот на април.
„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за цела втора половина од годината“, рекол тогаш анонимен извор, истакнувајќи дека преселбата не е трајна. Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Таа и нејзиниот сопруг купиле викендица таму на почетокот на минатата година.
„Првиот пат кога дојдов во Марбела, пред две децении, тоа беше љубов на прв поглед. Си реков: „Еден ден ќе живеам овде“, вели таа.