Евгениј Пригожин основал нова компанија – еве со што ќе се занимава ‘готвачот’ во Белорусија

Евгениј Пригожин, сопственик на приватната воена група Вагнер, основал нова компанија во Белорусија.

На 19. јули, Евгениј Пригожин наводно го регистрирал друштвото со ограничена одговорност Concord Management and Consulting во Белорусија, а официјалната информација е објавена во Единствениот државен регистар на правни лица и физички лица на Министерството за правда на Белорусија, пренесуваат светските медиуми.

Седиштето на компанијата е селото Цел во областа Осиповичи, каде вообичаено има теренски камп наменет за сместување на членовите на Вагнер кои претходните денови беа префрлени во Белорусија.

Основната дејност на компанијата е „управување со недвижен имот“, додека според регистарот, сопственик (основач) на компанијата е друштвото со ограничена одговорност Concord Management and Consulting, чиј сопственик е Евгениј Викторович Пригожин.

Евгениј Пригожин, да потсетиме, започна вооружен бунт ноќта на 24. јуни, обвинувајќи ги силите на Министерството за одбрана на Русија за ракетен напад врз кампот Вагнер во Украина. Тој го окупирал штабот на Јужниот воен округ во Ростов на Дон и го најави т.н. „Марш на правдата“ кон Москва. Меѓутоа, вечерта на 24. јуни, кога колоните на Вагнер беа на 200 километри од главниот град на Русија, тој ги сврте и ги врати назад во логорите.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ненадејно се појави на сцената, кој објави дека е постигнат договор со Евгениј Пригожин за прекин на кампањата против Москва и повлекување на неговите единици во Белорусија.

БелорусијаВагнерЕвгениј ПригожинРусија