ЕВЕ ЗОШТО – Магдоносот е прогласен за најотровно растение во 2023 година

Лисјата и корените, кои обично ги јадеме, не претставуваат никаква опасност

Уште еднаш се покажа дека храната што ја консумираме секојдневно може да има и темна страна. Тоа го докажува и фактот што вторпат по ред во трката за „отров“ на годината победи растение кое го користиме во исхраната.

Ботаничката градина Вандсбек го прогласи магдоносот за најотровното растение оваа година. Минатата година тоа беше компир.

Дали магдоносот е навистина опасен?
Сепак, можете да продолжите да ја консумирате оваа билка со мирен ум. Лисјата и корените, кои обично ги јадеме, не претставуваат никаква опасност. Напротив, содржи многу витамин Ц, кој е важен за спречување на настинки, пренесува Фрухтандел.

„Темната страна“ на магдоносот се покажува дури во втората година. Да, магдоносот е двогодишна билка. Во втората година се развиваат цветни стебленца високи од 30 до 70 см, со незабележителни жолто-зелени цветови. Од нив подоцна се развиваат семиња. Цветовите не се за консумирање, а не се ни семките бидејќи содржат масло од магдонос. Маслото од магдонос содржи апиол – кој делува на мазните мускулни влакна на мочниот меур, цревата и матката. Затоа, во минатото, маслото од магдонос се користело за да предизвика абортус.

Заедно со апиол, маслото од магдонос содржи и миристицин, друга токсична состојка која може да влијае на централниот нервен систем и да предизвика некои видови напади. Постојат, пишува Botanical online, и ксантотоксин и бергаптен, кои се фототоксични и реагираат на светлина и можат да предизвикаат кожни лезии.

Зошто компирот беше „победник“?
Правилото за компирите е дека никогаш не треба да ги јадете ако се зелени…

Според порталот Healthline, зелената боја на компирот се јавува кога ќе почнат да произведуваат хлорофил, што е природен процес. Кога ќе го забележите тој пигмент, тоа значи дека и компирот почнал да произведува соланин, компонента која штити од штети предизвикани од животни, инсекти, габи и бактерии. Тоа е отров кој се наоѓа во компирот, а не само зелените дамки, а доколку е на повисоко ниво може да биде опасен за луѓето, пишува Ординација.хр.

Нивото на соланин е највисоко во лушпите од компирот, па лупењето сигурно ќе отстрани дел од токсините (30 проценти), но нема да го реши проблемот. Експертите не се сигурни колку точно од оваа компонента треба да има во компирот за да ве разболат, но една студија покажа дека 0,6 милиграми на килограм телесна тежина може да доведе до болест. Особено е важно ваквите компири да се чуваат подалеку од децата кои имаат многу помала телесна маса, за да можат посилно да ги почувствуваат ефектите од труењето со соланин.