Потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ, кое исчезна пред точно седум дена во Бањско поле во Бор, сè уште трае. Полицијата постојано ја чешла секоја педа од местото каде што последен пат е видено девојчето, а еден сегмент од истрагата е фокусиран на видеото снимено од српски државјанин во Виена, на кое детето наводно исчезнало.
Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, првпат по исчезнувањето на Данка, за Нова.рс открива дали го гледала видеото од девојчето, но и колку е повредена од медиумските шпекулации дека таа стои зад сè. Ивана наведува дека таа и нејзиниот сопруг се заедно, дека секојдневно се борат нивното дете што побрзо да се врати дома, но и дека со денови се шират бројни гласини за неа.
„Се држиме колку што можеме, само за што побрзо да се најде Данка, чекаме сето ова да заврши, се надеваме на најдобро, а потоа јас и мојот сопруг ќе се огласиме јавно и ќе дадеме одговор на сите навреди, прозивки, небулози.Затоа не зборуваме. Повредена сум од сите овие шпекулации, обвинувајќи ме мене и мојот сопруг“, изјави депресивната Ивана.
Ивана ни открива што се крие зад пишувањата на одредени таблоиди, дека е откриено дека преку форензичко вештачење на нејзиниот телефон ги пребарала граничните премини со Романија, но и до кој степен може кривично да одговара.
„Телефонот беше на вештачење, само ќе кажам. Да беше така, немаше да бидам мајка да си го барам детето, мојот статус ќе беше друг. Само Данка да се врати жива и здрава, а потоа ќе разговараме за сè“, вели Ивана за Нова.рс.
На прашањето дали го гледала видеото од Виена на кое наводно се гледа нејзиното дете, Ивана вели дека го гледала.
„Го гледав видеото, но поради текот на истрагата не смеам да коментирам. Секоја чест за полицијата, луѓето не спијат, бараат деноноќно. Се надевам дека ќе го гушнеме детето што e можно поскоро“, вели мајката на исчезнатата Данка.
На прашањето дали се надева дека нејзиното дете е добро, Ивана вели дека не верува во спротивно.
,,Не сакам ни да размислувам за друга опција“, заклучува Ивана.
Да потсетиме, Данка Илиќ на неполни две години исчезна минатата недела од имотот на семејството Драгомировиќ во улицата Војводе Радомира Путника во населбата Бањско Поље кај Бор. Мајката на Ивана дошла на имотот со тригодишниот син и ќерката која уште не наполнила две години.
Во моментот кога отишла да му даде вода на момчето, Данка исчезнала.