Еве зошто НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА ЈА ИГНОРИРАТЕ вртоглавицата, дури и ако изгледа наивно и веднаш ќе помине

Луѓето често ќе се жалат на мала вртоглавица што ја почувствувале, но никогаш нема да ја сфатат премногу сериозно.

Вртоглавицата не е секогаш безопасна бидејќи може да биде симптом на некоја посериозна болест.

Вертигото е всушност вториот најчест симптом поради кој луѓето одат на лекар, пишува Cornerstone Physio .

Научниците од клиниката Мајо направија листа на десет најчести причини поради кои се појавува вртоглавица. Вртоглавицата може да биде придружена и со симптоми како заматен вид, губење на рамнотежа, чувство на нестабилност…

Ненадеен пад на крвниот притисок

Ова е привремена вртоглавица која се јавува како резултат на нагло опаѓање на крвниот притисок при ненадејно стоење. Луѓето кои го доживуваат ова обично веќе имаат историја на низок крвен притисок. Проверете го крвниот притисок додека лежите и споредете го со резултатите додека седите или стоите.

Проблеми со циркулацијата

Можеби сте анемични (намален број на црвени крвни зрнца), можеби страдате од хормонална нерамнотежа (како во менструалните циклуси и менопаузата), можеби имате атеросклероза, згрутчување на крвта или едноставно сте дехидрирани.

Проверете кога последен пат сте направиле рутински преглед и проверете ја вашата крвна слика.

Невролошки состојби

Овие можат да бидат посериозни причини за вртоглавица, како мултиплекс склероза, Паркинсонова болест, мозочен удар или тумор…

Стрес, анксиозност и депресија

Депресијата и анксиозноста всушност имаат вистински физички манифестации. Ненадејно влошување во оваа област (на пр. напад на паника), прекумерна изложеност на стрес (работа, семејство, финансии, здравје) или долгорочно чувство на незадоволство, може да доведе до неправилна активност на нервниот систем што може да предизвика различни симптоми на вртоглавица.

Проблем со вратот

Воспалителен артритис, хронична болка во вратот, сето тоа се поплаки кои можат да бидат причина за вртоглавица.