Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва играше против Камерон Нори, вториот меч од четвртфиналето на Дејвис купот.
Претходно Миомир Кечмановиќ и’ донесе предност на Србија победувајќи против Џеко Драпер со 2:0 во сетови.
Србија со тоа имаше меч топка против Британците.
Додека Новак излезе на теренот пред мечот со Нори, уште еднаш покажа зошто е најголем.
Во моментот кога Ѓоковиќ излегуваше на теренот, од навивачите се пушташе песната „Veseli se srpski rode“, а Новак потоа се прекрсти и излезе на теренот.
Можете да видите како изгледаше подолу.