ЕВЕ ЗОШТО НОВАК НА ДЕЦАТА ИМ ГИ ДАДЕ ИМИЊАТА ТАРА И СТЕФАН: Поврзани се со Србија, а кријат посебна СИМБОЛИKA! Затоа изборот беше ваков

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ избраа да ги именуваат своите деца Тара и Стефан , а познатиот спортист откри зошто изборот бил токму таков.

“Колку убавина и богатство нуди нашата Србија. Тара е дива планина која ги крие своите тајни додека не дојдете кај неа и не ѝ покажете големо воодушевување. Езерата Перуќац и Заовине, историската река Дрина која тече моќно и ги маѓепсува сите што ја гледаат. Ние благодарни сме за заедничкото, семејното време и со нетрпение очекуваме понатамошно истражување на бисерите на нашата прекрасна земја, напиша Новак Ѓоковиќ во 2020 година на Инстаграм и истакна дека убавината на оваа планина е една од причините што нивната ќерка го добила ова прекрасно име. .

Во 2014 година, кога тој и неговата сопруга го добија синот Стефан, Новак Ѓоковиќ за британските медиуми го изјави следново:

„Знам дека Стефан е меѓународно име, но кај нас има големо значење. Создаден е во 12 век, го носеле првите кралеви. Јас и Јелена ја сакаме симболиката, корените ни се многу важни и ни се поврзани со Србија, па иако Стефан е роден во Монако, тој е Србин“, изјави српскиот тенисер.