Еве зошто треба да ставите ЧИНИЈА СОЛ во фрижидер: Многу е практичен и ви заштедува пари

Зеленчукот најчесто се чува во посебна фиока во фрижидер, но и тогаш не може да се чува долго време, релативно брзо се расипува. Но, постои едноставен трик кој ќе ви помогне да ја продолжите свежината и рокот на траење на зеленчукот во фрижидер.

Се што треба да направите е да ставите сад со сол во фиоката за зеленчук во фрижидерот . Овој совет можеби ви звучи чудно, но навистина функционира.

Солта е одличен абсорбент и ќе ја апсорбира вишокот на влага од фрижидерот, поради што зеленчукот не се расипува толку брзо и останува свеж подолго, пишува „Газета.пл“.

Како да ги неутрализирате непријатните мириси во фрижидерот?

Постои уште еден едноставен трик кој ќе ви помогне да ги неутрализирате непријатните мириси од фрижидерот, доколку дел од храната во него се влошила. Направете домашен неутрализатор на мирис. Во сад ставете три лажици кафе и додадете една лажичка цимет, сè убаво измешајте и ставете го на една од полиците во фрижидер. По неколку часа ќе ја почувствувате разликата!

Кафето ќе ги апсорбира непријатните мириси, а циметот ќе додаде убава арома. Смесата треба да се менува најмалку еднаш на секои три недели.