Еве како да користите Google Maps кога немате интернет конекција

Губењето на вашата интернет конекција може да го направи вашето патување мизерно, особено ако се потпирате на вашиот телефон за да знаете каде одите.

Без разлика дали се возите со метро во странски град, или шетате низ недопрена природа, Интернетот може да ве изневери. Сепак, сè не е изгубено. Во овие ситуации, можете да преземете Google Maps за офлајн употреба и да ги добиете вистинските насоки.

За волја на вистината, нема да добивате прецизни податоци кога станува збор за пешачење, транзит или велосипедски тури, но ќе добиете солидни офлајн насоки за возење.

Исто така, треба да имате на ум дека мапите што ги преземате ќе истечат во одреден момент, бидејќи Google редовно ги ажурира за да бидат што е можно попрецизни.

Еве како можете да преземате офлајн карти:

  • Стартувајте ја апликацијата „Карти на Google“ на вашиот уред со Android или iPhone. Треба да сте најавени на вашиот профил на Google и да ја имате инсталирано најновата верзија на апликацијата.
  • Изберете ја мапата на градот или регионот што сакате да ја преземете.
  • Притиснете го менито на дното на екранот со името на страницата што ја баравте и притиснете го копчето „Преземи“. Ако не ја гледате оваа опција, допрете ги трите точки во горниот десен агол на екранот и побарајте ја опцијата за преземање офлајн.
  • Google потоа ќе ви ја покаже мапата и ќе ве праша дали сакате да ја преземете. Притиснете „Преземи“ повторно за да го потврдите вашиот избор.
  • Откако ќе ги преземете избраните мапи, тие ќе ви станат достапни дури и кога немате интернет конекција и можете лесно да ги прегледувате и истражувате кога сакате. Доволно е само редовно ажурирање на Google Maps, за да бидете во тек со промените што ги спроведува Google.