Еве како да направите домашен крем! Вашиот омилен десерт готов за помалку од 15 минути: Секој што го пробал вели дека е подобар од вистинскиот (фото)

Кремот е еден од омилените намази и на децата и на возрасните. Ретко кој може да одолее на ова слатко, а може да се јаде на безброј начини. Доколку и вие сте еден од љубителите на овој деликатес, сега можете лесно да го направите сами и да го послужите во секое време од денот. Пробајте го рецептот за домашен крем.

Состојки:

  • 500 гр млеко во прав;
  • 600 гр шеќер;
  • 1 ванилин шеќер;
  • 1/2 l вода;
  • 200 гр маргарин;
  • 100 гр чоколадо.

Подготовка: Во тенџере се става вода да зоврие, се додава шеќерот и ванилиниот шеќер, а кога ќе зоврие се додава маргаринот исечкан на коцки. Оставете да се вари околу 10 минути, па оставете да се излади. Во изладената вода додадете го млекото во прав и убаво измешајте да нема грутчиња. Растопете го чоколадото, поделете ја масата на два дела и на еден додајте ја чоколадата. Истурете во теглите наизменично едното и другото. Затворете и чувајте го во фрижидер до употреба.