Состојки:
350 гр рендана тиква
100 гр кафеав шеќер
1 лажичка сода бикарбона
50 мл масло
150 мл сок од портокал
70 гр мелени ореви
50 гр суви брусница
100 гр бело брашно
120 гр интегрално брашно
За облогата:
џем од кајсии
50 гр мелени ореви
Подготовка:
Во сад ставете ја ренданата тиква, шеќерот и сода бикарбоната. Измешајте сè да се соедини и оставете го во фрижидер еден час (нема потреба да се исцеди сокот од тиквата, бидејќи така колачот ќе биде сочен). После тоа, во смесата додадете масло, сок, ореви и брусница (прво омекнете ги во топла вода, па исцедете ги). Сè убаво измешајте, па додадете ги двата вида брашно и повторно измешајте. Смесата истурете ја во кружен калап со дијаметар од 26 см обложен со хартија за печење.
Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути, а кога колачот ќе биде готов, топол премачкајте го со џем од кајсии (ако џемот е густ, можете претходно да го загреете) и посипете со мелени ореви.