Женските чанти отсекогаш биле мета на крадци, особено во јавниот превоз или при ноќно излегување.
Како најдобро да ги носите вашите торби за да има помали шанси некој да ви ја украде?
Норвешката инфлуенсерка има трик за тоа! Son’s Ordal сподели видео во кое го објаснува најдобриот начин за безбедно носење торба. Може да послужи и како идеален моден детаљ.
Доколку имате чанта со двоен ремен, повлечете го најдолгиот дел до крај и ставете го околу половината. Потоа повлечете го продолжувањето на ременот за да можете да го фрлите преку вашето рамо. На овој начин чантата ќе ви ја собере околу половината, а ќе ви послужи и како ремен за широка кошула или фустан.
На крајот, чантата е врзана околу половината и преку рамото, што ја прави дополнително безбедна.
,,Никој нема да ви ја украде вака. Не можат туку така да го земат и да побегнат, бидејќи е врзана за тебе”, рече инфлуенсерката.