Евандер Холифилд стекна светска слава во рингот, а деталот по кој е познат во светски рамки е моментот кога Тајсон му го одгриза увото!
Холифилд и Тајсон имаа две легендарни борби. Прво, во 1996 година, Евандер, иако беше потценет од експертите и самиот Тајсон пред борбата, го издржа својот првичен налет, целосно го неутрализираше, го држеше на дистанца со подолгите раце и постепено го умори и совлада. Баш како што најави тренерот на Ивандер.
Лутиот Мајк го најави реваншот и тоа се случи на 28 јуни 1997 година.
Но, кога повторно сè тргна по истиот рецепт, фрустрираниот Тајсон му одгризал парче од увото на Холифилд! По кратка пауза мечот продолжи, а Тајсон повторно го проба истото, додека крвавиот Холифилд не можеше да поверува и скока околу рингот.
Холифилд денес има 60 години и иако влезе во седмата деценија, изгледа одлично.