Една сцена пред црквата Свети Сава во Врачар остави без зборови многумина минувачи, особено скапата лимузина која сите ја забележале.
Имено, пред храмот Свети Сава, минувачите виделе луксузна бела лимузина со американски регистарски таблички.
Како што пишуваат српските медиуми, скапа лимузина донела убава Бразилка од Америка која денеска се омажи за Србин.
– Во црквата Свети Сава. Бразилка од Америка се омажи за Србин. Лимузината има американски таблички. На свадбата дојдоа многу Американци – се наведува на Инстаграм приказната на страницата „Сербиалив Београд“.
Многумина минувачи се вртеа, имајќи предвид дека вакви лимузини не се често видени на улиците во Србија.