Еве како изгледа местото на нападот на рускиот Шахид: Првото видео од разорниот напад, објавено е од украинската армија (ВИДЕО)

Украинската армија објави видео од последиците од синоќешниот руски воздушен напад со нападни беспилотни летала на југот на земјата.

Во објавата на Телеграм се наведува дека „руските терористички сили повторно извршија неколку бранови на напади со беспилотни летала Шахид-131/136 врз јужните региони“ на Украина.

– Целта на непријателот беше индустриската и пристанишната инфраструктура на овој регион – се наведува во пораката на украинските сили на југот на земјата што ја придружува видеото.

Наведено е дека седум руски беспилотни летала биле соборени во областа Одеса, а четири нападни беспилотни летала биле соборени во регионот на Миколаев.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Украинските воени претставници рано утринава објавија дека Русија извршила напад со беспилотни летала и ракети во црноморското пристаниште Одеса, при што биле повредени девет лица, меѓу кои четири деца, а цел бил главниот град Киев.