Сè што е поврзано со кралското семејство е под будното око на јавноста. Имено, моментално кружат гласини дека на листата гости за крунисувањето на Чарлс се најде и името на Роуз Ханбери, за која се верува дека е љубовница на принцот Вилијам!
На овој начин долгоочекуваното крунисување повторно, по којзнае којпат, беше ставено на втор план, бидејќи се верува дека присуството на оваа жена може да ја вознемири Кејт Мидлтон.
Иако засега се само озборувања, извори блиски до Чарлс велат дека тој сака Роуз да биде таму и дека Кејт дала услов дека не сака да има никаква комуникација со неа доколку е присутна. Овој ултиматум беше причина медиумите да почнат да пишуваат за измамата на принцот.
Роуз е мажена за Дејвид Чолмондели, седмиот маркиз од Чолмондели, а нејзиниот син Оливер ќе го придружува кралот Чарлс.
За да биде приказната поинтригантна, дури имаше тврдења дека Дејвид се разведува од Роуз бидејќи тој всушност не е биолошкиот татко на нивното дете, туку Вилијам.
И оваа вест е непотврдена, а некои извори наведуваат дека е многу можно бидејќи Роуз и Вилијам почнале да се гледаат во 2014 година, а таа останала бремена кон средината на 2015 година.
Оваа афера првпат беше пријавена во 2019 година, кога Кејт беше бремена по трет пат