Хакерите се секогаш чекор понапред од речиси се и многу лесно можат да дознаат се за вашиот живот, а еве неколку знаци кои ќе ви кажат дали некој ве следи.
Голем е бројот на корисници кои обрнуваат многу внимание на тоа дали некој ги прислушува, следи и шпионира додека ги користи нивните телефони и други уреди.
Со напредокот на технологијата, напреднаа и техниките што хакерите ги користат за прислушување и следење на уредите, што сега стана многу лесно. Ова е особено видливо кај таканаречените паметни уреди.
Readers Digest открива некои од најчестите знаци дека некој ве следи.
Ресетирање на уредот – ако телефонот почне сам да се ресетира, можно е да има подигнато некој малициозен софтвер што е во конфликт со други апликации и можеби е обид за хакирање.
Драстично забавување – ако телефонот одеднаш е многу побавен и капацитетот на батеријата брзо се намалува, можно е некој да го „хакирал“ системот.
Чудни звуци – ако слушнете статични, кликнувања или звуци на зуење, ова може да укаже дека некој го бури вашиот уред. Експертите велат дека тоа ретко се случува, но сепак треба да внимавате на квалитетот на звукот.
Предолго исклучување на уредот – ако забележите дека телефонот се исклучува многу подолго од претходно, тоа може да значи дека пред да се исклучи испраќа податоци до надворешни фактори, што го забавува неговото исклучување.
Прегревање – ако уредот се прегрее иако не правите ништо посебно на него, тоа може да биде показател дека уредот е хакиран. Злонамерните програми работат постојано во позадина и се невидливи за корисникот. Од друга страна, прегревање може да дојде и поради лоша батерија на уредот.
За среќа, постојат неколку начини на кои можете да се заштитите ако се сомневате дека сте хакирани и дека ве прислушуваат.
Прво, ресетирајте го вашиот уред. Антивирусот исто така може да биде корисен, но тоа не значи дека сте целосно заштитени.
Чувајте го вашиот GPS исклучен и вклучете го само кога ви треба. Погрижете се да го ажурирате уредот на најновата верзија на софтверот и не користете непроверени апликации.
Враќањето на уредот на фабрички поставки е методот што го користите кога ништо друго не помага, а пред тоа правите „резервна копија“ на податоците што ви се важни.