Еве како ќе изгледа новиот дрес на Барселона: Каталонците се враќаат на традицијата (фото)

Иако крајот на актуелната сезона е сè уште доста далеку, најголемите клубови во Европа наголемо се подготвуваат за следната, а особено се внимава на опремата што ќе ја користат играчите.

Денеска протече изгледот на новиот дрес на Барселона кој за следната сезона ќе го изработува американскиот бренд Најк, а направена е значајна промена во однос на актуелниот дрес.

Имено, Барселона и Најк одлучија да се вратат на традиционалниот дизајн на дресот, бидејќи од следната сезона повторно ќе има вертикални пруги.

Секако, боите се црвената и сината, а во иновативниот дизајн двете бои се присутни на секоја од пругите, додека ракавите се сини, како и шорцевите. Централното место на дресот е резервирано за генералниот спонзор на Барселона, Spotify.

Засега фановите се поделени кога е во прашање оценката за дизајнот на новиот дрес, бидејќи некои се задоволни од изгледот, а некои не се толку воодушевени, барем ако се суди според коментарите на социјалните мрежи.

За потсетување, Барселона моментално се бори за титулата во шпанското првенство и е лидер во поредокот во Ла Лига, а истовремено се пласира и во осминафиналето на Лигата на шампионите.