Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да одигра ниту еден меч до 6 март, објавено е денеска на неговата официјална веб-страница.
Според информациите, Ѓоковиќ нема да игра на ниту еден турнир во февруари, а на теренот ќе се врати на почетокот на март на Мастерсот во Индијан Велс.
Ѓоковиќ утрово неочекувано беше елиминиран во полуфиналето на Австралија опен од Јаник Синер.
По 10 последователни победи во полуфиналето на Австралија опен, српскиот тенисер за првпат беше поразен.