Еве колку Кина изгуби од царините на Трамп

Директорот на американската компанија „Нвидија“, Јенсен Хуанг, изјави дека ограничувањата на извозот на полупроводници од страна на САД ја чинеле неговата компанија околу 15 милијарди долари во загубена продажба. На тоа треба да се додадат и веќе пријавените отписи на залихи од 5,5 милијарди долари .

Тој предупреди дека ваквите ограничувања нема да го спречат развојот на вештачката интелигенција (ВИ) во Кина, туку, напротив, ќе го поттикнат создавањето на кинески екосистем на ВИ , кој еден ден би можел да се натпреварува со американскиот .

– Секој што мислеше дека со еден шаховски потег, со забрана на употребата на H20 чипови, Кина ќе биде спречена да развива вештачка интелигенција – е длабоко незнаечки, рече Хуанг.

Американските власти, повикувајќи се на националната безбедност, воведоа ограничувања за извоз на напредни чипови и опрема во Кина. Оваа практика се одвива со години, под администрацијата на Доналд Трамп, а продолжи и под водство на Џо Бајден.

Nvidia се обиде да ги заобиколи ограничувањата нудејќи му на кинескиот пазар ослабена верзија од своите најнапредни чипови – H20 , но и тие модели сега се опфатени со новите забрани, воведени кон средината на април.

Уште во април, Nvidia објави дека очекува отписи во вредност од 5,5 милијарди долари , токму поради производите H20 кои не можат да се пласираат на кинескиот пазар.

Хуанг истакна дека Nvidia повеќе не може дополнително да ги намалува перформансите на своите чипови , бидејќи H20 е веќе максимално прилагоден на барањата на американските регулативи.