Легендарниот Мајк Тајсон и Јутјуберот Џејк Пол се сретнаа во главната борба на боксерскиот спектакл во AT&T стадионот во Арлингтон, Тексас пред околу 80.000 фанови, а популарниот Јутјубер ја прослави одлуката на судиите.
По големиот спектакл, една од најгорливите приказни меѓу навивачите е заработката на боксерите.
Заработката на Мајк Тајсон
Легендарниот „Iron Mike“, кој сега има 58 години, и покрај неговите славни денови во рингот, моментално се проценува дека има нето вредност од 10 милиони долари. Сепак, Тајсон заработуваше огромни суми, вклучувајќи и 400 милиони долари во текот на неговата професионална кариера.
За овој натпревар промотерите официјално не ја открија висината на заработката на Тајсон, но според проценките хонорарот би можел да достигне и до 20 милиони долари. Ова е приближно сумата што ја заработи во 1988 година на легендарниот меч против Мајкл Спинкс, кој траеше само 91 секунда.
Џејк Пол двојно поплатен
Наспроти Тајсон, Џејк Пол, познат и како „Златниот петел“ ќе заработи неверојатни 40 милиони долари. 27-годишниот боксер и поранешна детска ѕвезда изгради кариера која ги спојува боксот и забавата, привлекувајќи милиони фанови ширум светот. Пол е и ко-основач на промотивната компанија Most Valuable Promotions (MVP), што му носи дополнителен дел од заработката од организацијата на оваа борба..