Според истражувањето спроведено од невропсихологот Дејвид Викс од болницата „Scotland’s Royal“ во Единбург, добриот и редовен секс помага во ослободување на хормони кои имаат корисен ефект врз целото тело, од намалување на чувството на болка до намалување на изложеноста на кардиоваскуларни болести .
Сексуалните односи може да се сметаат и за одличен начин на физичка активност што ги зајакнува мускулите и го забрзува отчукувањата на срцето и дишењето, а со тоа нè штити од бројни срцеви заболувања, пишува Psychology Today.
Истражувањето во кое учествувале 3.500 луѓе на возраст од 18 до 102 години, откри дека сексот три пати неделно го продолжува животот за дури десет години. Покрај подолг живот, редовниот и возбудлив сексуален живот може да ги заштити жените и мажите од сериозни болести како што се рак на дојка, рак на простата, кардиоваскуларни болести, а исто така ги намалува негативните ефекти на стресот.
Врските го намалуваат ризикот од рак на дојка кај жените, бидејќи хормонот окситоцин се лачи за време на сексуалниот однос, кој вообичаено се лачи повеќе за време на породувањето и доењето. Сексот ги штити мажите од рак на простата бидејќи простатата се „чисти“ со ејакулација, бидејќи во тој период се исфрлаат насобраните канцерогени материи.