Психотерапевт за љубовни врски открива колку пати неделно е оптимално за паровите да имаат сексуален однос и да бидат среќни.
„Проблемите во врската и бракот стануваат поизразени ако партнерите имаат секс помалку од еднаш неделно“, забележува американската терапевтка за сексуални односи Бет Шива Маркус. До овој заклучок дошла преку пракса, работејќи со парови кои имаат потешкотии во бракот и врските.
Експертот верува дека различни парови можат да имаат сосема различни идеи за тоа што е минимално, што е оптимално и што е прекумерна количина на интимни односи. Во просек, доволно е партнерите да водат љубов еднаш неделно за да се чувствуваат среќни. Меѓутоа, ако „дејството“ отсуствува и ако е помалку од еднаш неделно, тие полека почнуваат да губат оптимизам за надминување на проблемот, грижата за саканата личност се намалува (како и разбирањето), а наместо тоа се појавува прекумерна чувствителност и нервоза.
Бет Шива Маркус вели дека ако забележите дека имате секс поретко од наведената „бројка“, голема грешка е да дозволите „работите сами да се поправат“. Таа советува дека треба веднаш да дејствувате, па советот е да закажете „акција“ со партнерот и да се држите до „распоредот“.
„Многумина веруваат дека договорената акција не е возбудлива, но знаете што всушност не е воопшто привлечно? Немањето односи воопшто“, вели терапевтот.
Таа предупредува дека не треба да се очекува премногу од првите обиди да се врати страста во врската. Маркус дури и дава многу едноставен, но мудар совет – не треба да го сфаќате како „договорена секс врска“, туку како „вечера само за вас и вашиот партнер“. Експертот напоменува и дека врската не мора да биде особено страсна, туку нежна и дека можете да ја гледате како можност целосно да се отворите кон партнерот, да бидете ранливи и да воспоставите интимност со него.
Како заклучок, Маркус напомена дека сепак треба да му верувате на вашето чувство и да не се обидувате да се терате на почести врски доколку сте задоволни со постоечката „количина“.