Дали знаете каде бевте кога го јадевте најубавиот оброк во вашиот живот, можеби во мало бистро во Париз или суши бар во Кјото)
Имено, според Taste Atlas, постои голема веројатност тоа да било во Италија. Платформата објави листа на 100 најдобри градови за храна во светот, врз основа на речиси 500.000 оценки од 17.073 градови во нејзината база на податоци.
Италија зазема пет од првите 10 места, пренесува Time Out.
На самиот врв е Неапол, а на второ Милано, чија кујна е една од најпочитуваните во Италија и дели сличности со срдечната, месна австриска кујна (рижото и панетоне потекнуваат од тука). Третото место и припаѓа на Болоња, средновековен град кој е дом на најстариот универзитет во светот и познат по своите шпагети Болоњезе.
Фиренца е на четвртото место, а Рим на шестото, но на листата се и градови како Мумбаи, Лима, Џакарта и Гвадалахара, кои исто така се во топ 30. Сепак, ќе забележите дека некои големи фаворити недостасуваат на врвот на оваа листа.
Лондон, Хонг Конг, Барселона, Хо Ши Мин Сити, Бангкок, Амстердам, а можеби и најшокантно од сите, Сан Себастијан, не влегоа ниту во топ 50.
Проверете ги 30-те најдобри градови за храна во светот според Атласот за вкусови подолу:
Неапол, Милано, Болоња, Фиренца, Мумбај, Рим, Париз, Виена, Торино, Осака, Мадрид, Њујорк, Џенова, Ница, Лима, Џакарта, Кјото, Газиантеп, Ферара, Њу Орлеанс, Катанија, Сингапур, Венеција, Истанбул, Токио, Сан Франциско, Лисабон, Гвадалахара, Чикаго, Филаделфија.