Тие го следат Новак.
Новак Ѓоковиќ вчера го играше првиот осминафинален натпревар на Ролан Гарос против Пјер Уго Ербер, и победи со 3 спрема нула во сетови.
Французинот против кого последен пат играше во 2013 година, покажува дека не заборавил да игра во сингл, иако двојките му се примарни и ова му е прво учество на Грен слем во сингл конкуренција по три години.
Боксот на Новак Ѓоковиќ беше полн со препознатливи лица, меѓу кои и Јелена Ѓоковиќ. Таа во еден момент многу се забавувала, па решила да направи селфи со еден од тренерите Карлос Гомез Херера.
Тука беше и новиот тренер на Новак, Борис Бошњаковиќ, како и редовните соработници Миљан Амановиќ, Марк Маден и Фил Грич.
Меѓу присутните беше и киропрактичарот Стивен Шашјан.