“ЕВЕ МЕ НАЗАД ВО РУСИЈА!“ – Филмско бегство на син на моќен Русин од италјански притвор: Дали тајната служба го извлекла преку Белград назад во Москва !?

Артем Ус, кој беше приведен во Италија минатата година по меѓународна потерница од Соединетите Американски Држави (САД), на 22. март успеал да побегне од домашен притвор во Базиља (градот Милано), а денеска преку социјалните мрежи објави дека веќе е во Русија затоа што „нема доверба во италијанскиот судски систем“.

Ус е единствениот син и најмалото дете на гувернерот на КраснојарскАлександар Ус. Тој беше уапсен во октомври на аеродромот „Малпенси во Милано. Како што пишува италјанскиот весник Il Messaggero, помладиот Ус бил обвинет, заедно со уште четворица руски државјани и двајца венецуелски трговци со нафта, за кршење на санкциите и перење пари.

Веста за апсењето на социјалната мрежа Фејсбук ја објави амбасадата на Руската Федерација во Италија

Проф. Д-р. Александар Ус (67 г.), татко на обвинетиот, е гувернер на регионот Краснојарск, многу голема сибирска федерална единица во Руската Федерација. Рускиот весник Vedomosti неодамна објави дека тој е најбогатиот руски гувернер. Се вели дека има милијарда и пол рубљи (околу 17.265.000 евра). Се разбира, тој не е само партиски другар, туку и пријател на Владимир Путин. Тој беше санкциониран од Велика Британија за поддршка на руската агресија врз Украина.

Со помладиот Ус обвинети се и: Јури Орехов, Светлана Кузургашева, Тимофеј Телегин, Сергеј Тулјаков, Хуан Фернандо Серано Понсе и Хуан Карлос Сото. Но неодамна Јури Орехов беше уапсен во Германија.

Американските истражни органи веруваат дека тие учествувале во осмислувањето комплексен систем за нелегално добивање на забранетата воена технологија и нафта на САД од Венецуела, која е под санкции.

Владимир Путин и Александар Ус

На списокот на американски санкции се и две компании на Јури Орехов во Германија: Nord-Deutsche Industrieanlagenbau GmbH (NDA GmbH) и Opus Energy Trading LLC (Opus Energy Trading).

Руската Федерација побара наредба за враќање на Ус помладиот од Италија. Имено, доколку наводниот криминалец го бараат повеќе држави, судот најчесто и дава предност на државата чиј државјанин е. Се сомневаше дека руското барање е само измама, за да се забави или спречи барањето за екстрадиција во САД, каде што Ус, според казните што му се закануваат за индустриска шпионажа му се заканува и 30 години затвор.

САД тврдат дека Артем Ус ги снабдувал Русите со чувствителни електронски компоненти, инсталирани и пронајдени во руските проектили што ја погодиле Украина, и покрај санкциите.

Стекнувањето нафтени деривати, јавна опрема и технички средства, во слободната трговија насекаде во светот, одеднаш станува нелегално затоа што тоа го прогласиле американските власти. Како е тоа можно ? Само затоа што тоа е направено за доброто на Русија. Политичкиот контекст на овие обвинувањата се очигледни“, напиша таткото на обвинетиот во објава на социјалната мрежа Телеграм.

Јавно против ова обвинување протестираше и потпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков.

Пристигнувањето на Ус помладиот во Русија фактички потврди дека руската потерница е само трик за забавување или попречување на американската потерница, за да може Москва да го заштити синот на гувернерот, а можеби и сопствениот агент. Имено, неговиот руски адвокат Алексеј Тихомиров објави, како што пренесува руската државна агенцијата РИА Новости, дека Артем Ус при влегувањето во татковината се пријавил кај руските власти, така што руските истражувачи го смениле налогот за апсење и забраната за напуштање на државната територија.

Во меѓувреме, весниците од Милано велат дека се обидуваат да го утврдат идентитетот на помагателите кои на 22. март околу 14:00 часот го одведоа Артем Ус надовр од Италија

Александар УсАртем УсбегствоВладимир ПутинИталијаРусијасанкции