ЕВЕ НА ШТО ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ПОТРОШИЛА МИЛИОНИ ЕВРА: Кога ќе слушнете колку заработува, ќе се онесвестите…

Пејачката Јелена Карлеуша откри колку потрошила и заработила во својата 30-годишна кариера

Пејачката Јелена Карлеуша, која неодамна се најде во центарот на медиумското внимание поради разголениот настап во танга, како и прозивката упатена до актерот Вук Костиќ, се наврати на својата 30-годишна кариера и заработените пари и потрошени низ годините.

Карлеуша 30 години пари од настапите ги вложува во песни, настапи, скапи спотови и брендирана облека, а за концерти наплаќа неколку десетици илјади евра.

Речиси 30 години вложив се во кариерата, па сега одлично заработувам и добро живеам, рече Јелена и продолжи:

„Потрошив огромни суми пари на сè што мислев дека е добро за мојот бизнис. Не се каам ниту за динар, бидејќи се што е квалитетно си има своја цена. Додека другите купуваа недвижен имот, јас ги вложив милионите што ги заработив во себе. Така се создава ѕвезда“.

Пејачката откри и како успеала да биде во центарот на вниманието толку години:

„Без квалитет, нема успех. Исто така, истрајноста е од суштинско значење за повеќедецениско траење во бизнисот. Не можете да пукате на првите препреки на кои ќе наидете, но мора да го издржите притисокот. Луѓето кои стануваат кога ќе паднат издржуваат со децении“.