Еве по колку пати треба да ги перете вашите носени алишта! Многу луѓе грешат и за температурата, а само вака можете да заштедете пари

Еве колку пати треба да перете одредени парчиња облека!

Редовното и правилно перење алишта и облека е исто толку важно како и хигиената на телото. Општо познато е дека не треба да носите нова облека без претходно да ја измиете. Но, не само тоа!

Важно е и колку често ја перете облеката. Понекогаш премногу често, како и ретко „ставување“ во машината може да биде контрапродуктивно, додека нередовното перење може да му наштети на вашето здравје. Според експертите, еве колку често треба да перете одредени парчиња облека:

  • долна облека – по едно носење
  • маици – по едно до две носења
  • бели алишта – по едно до две носења
  • фармерки – по шест до седум носења
  • дуксери – по пет до шест носења
  • фустани – по едно до две носења
  • здолништа – по пет до седум носења

На овој начин, освен што ќе го зачувате квалитетот на вашата облека подолго време, ќе заштедите и енергија, вода и пари. Кога станува збор за температурата на перење, едно британско истражување покажува дека повеќето луѓе ја перат облеката на 40 степени Целзиусови. Стручен совет е дека не толку валканата облека можете да ја перете на 30 степени. Кога станува збор за постелнина, крпи и облека со лоши дамки, за нив треба да ја вклучите машината на програмата за одмрзнување, поточно повисоки температури.

здравјеоблекахигиена