Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вршеше инспекција на руските сили во Украина, објави утринава државната телевизија Росија-24. Ова е прво појавување на Шојгу во јавноста по бунтот на паравоената група Вагнер.
Според извештајот, Шојгу „одржал состанок со постарите“ на една од единиците на командното место на руските сили во Украина.
На средбата, министерот ја истакна важноста од „ефикасно откривање и уништување“ на непријателските вооружени системи и војници, се вели во соопштението за печатот од Министерството за одбрана, објави Бета повикувајќи се на Франс прес.
Од петокот вечерта до саботата вечерта, водачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, водеше вооружен бунт со цел да ја собори командата на армијата со која беше во конфликт неколку месеци.
Пригожин вети дека ќе го „ослободи рускиот народ“, а Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов се обвинети дека жртвувале илјадници луѓе во Украина.