Еве што јадат лекарите за појадок, за да останат здрави во текот на целата година

Појадокот е најважниот оброк, но ако вашиот прв оброк е пециво, погрешно го започнувате денот.

Д-р Моника Тејо од Универзитетот Харвард вели дека тоа е исто како да имаш десерт за појадок. Ако на „десертот“ додадете пржена сланина и сок од портокал купен од продавница со многу шеќер, оваа докторка попрво би заплакала – напишала таа неодамна на својот блог.

Ова е најдобриот појадок
Докторката истакнува дека пецивата, палачинките и мафините не се идеален појадок бидејќи содржат преработени јаглехидрати и шеќери. Наместо тоа, објаснува таа за Today.com, треба да изберете оброци кои се богати со влакна, протеини и здрави масти за појадок за да ви помогнат да се чувствувате задоволни и да го одржувате нивото на шеќер во крвта стабилно.

Таа објасни и како изгледа нејзиниот совршен појадок од три состојки, кој можете да го понесете со себе на работа:

Овошје

Овошјето е составен дел од појадокот на д-р Тејо и таа обично подготвува околу три шолји овошје. Таа е голем љубител на замрзнатото овошје бидејќи е поевтино и достапно во текот на целата година.

„Овошјето е убаво. Богато е со витамини и антиоксиданси“, вели Тејо.

Јогурт

Јогуртот е одличен извор на протеини и пробиотици. Изберете обичен јогурт со намалена содржина на шеќер и измешајте го со подготвеното овошје. Лекарот избегнува верзии на јогурт без маснотии затоа што малку маснотии всушност е добро за нас.

Јаткасти плодови
Земете неколку од вашите омилени јаткасти плодови или семки, или мешавина од нив. Д-р Тејо избира бадеми или индиски ореви.

„Јаткастите плодови се богати со здрави масти и влакна и ни даваат енергија“, вели таа.

Сепак, лекарот не го смета појадокот за најважен оброк во денот.

„Многу луѓе едноставно не се чувствуваат гладни штом ќе се разбудат, и тоа е во ред. За многу здрави луѓе, нивното тело им кажува кога им треба „гориво“. А кога ќе добиете „гориво“, има да бидеш здрав, особено ако ти е прв оброк“ во текот на денот, без разлика колку е часот“, заклучува д-р Моник Тејо.