СИРЕЊЕТО Е ПОПУЛАРНА храна на база на млеко која може да се ужива самостојно или да се користи како вкусен додаток на многу јадења. Најголемите обожаватели на оваа храна често ја консумираат секојдневно, но диететичарката Џули Аптон предупредува дека во некои случаи можеби тоа не е најдобрата идеја.
Иако сирењето е богато со хранливи материи и одличен извор на протеини и калциум, диететичарот смета дека луѓето сепак треба да бидат умерени кога станува збор за неговото консумирање. Имено, оваа храна често се нарекува главен извор на заситени масти, тешко сварлива и виновник за многу негативни нуспојави, од мозолчиња до зголемен ризик од дијабетес, пренесува Eat This.
Како што објаснува Аптон, секојдневното консумирање сирење има добри и лоши страни. Тие вклучуваат:
- зголемен внес на калциум
- надуеност, грчеви и болки во стомакот
- подобрување на цревниот микробиом
- намалување на ризикот од срцеви заболувања
- побрзо закрепнување на мускулите после вежбање.