Пејачката Џенифер Лопез (54) ја покажа својата извајана фигура додека беше на одмор во Италија.
Џеј Ло моментално се одмара на брегот Амалфи, монденско одморалиште во Италија. Таа објави фотографија на која лежи на лежалка во минимално ефективно бело бикини. Бикинито има едноставен горен и долен дел што се врзува на колковите со долги бели врвки.
Заносната латино дива носеше и голема капа со обод и големи шестоаголни очила за сонце со розови леќи. Џеј Ло не го заборави ниту накитот. Носеше златни алки и долг ѓердан што паѓаше по нејзиното затегнато торзо.
Сепак… Не долго потоа се појавија папарацо фотографии. Пејачката секогаш изгледа совршено и беспрекорно на фотографиите на Инстаграм, а излегува дека изгледа спектакуларно на папарацо фотографиите, па дури и во спонтани пози кои често не се нималку ласкави.
Фотографиите за рекордно време завршија на сите социјални мрежи, а на публиката не и требаше многу време да ја даде пресудата.
И додека некои се воодушевени од глетката, дежурните критичари не ја пропуштија шансата за негативни критики.
„Нејзиното тело не покажува дека поминува толку многу часови во теретана“, „Таа навистина не е ништо посебно без сите тие глам-тимови и филтри“, „Некои фотографии најдобро е да не се споделат (и за неа и за публиката)“, „ О, дали има палачинки наместо задник“, „Не личи на фотошопираните слики на Инстаграм“, „Изгледа многу подобро со облека на себе“, „Време е да се покрие, изгледа многу подобро во фустани … Почна стареењето“, „Ова е нејзиното вистинско тело на 54. Се уште изгледа добро, но зошто само да не биде искрена и да им покаже на сите како навистина изгледа“, се само дел од коментарите.
Мислењето е исто како приказната за потеклото на пејачката – секој има свое.