– Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон утре ќе ја посети Србија, при што со највисоките државни претставници ќе разговара за соработката во областа на миграцијата и управувањето со границите, јави Бета.
Како што е најавено, разговорите ќе бидат фокусирани на зајакнување на управувањето со границите, процедурите за азил, поддршка на капацитетите за прифаќање, борба против криумчарењето бегалци, подобрување и обезбедување поддршка за враќање и реадмисија и усогласување на визната политика на Србија со политиката на ЕУ.
Комесарката ќе оди и на српско-унгарската граница со министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и извршниот директор на Фронтекс, Ханс Лајтенс.