Европскиот парламент (ЕП) денес гласаше за воведување многу високи царини за ѓубрива и одредени земјоделски производи од Русија и Белорусија.
Според извештаите, оваа мерка треба да спречи потенцијална закана за безбедноста на храната во Европската Унија и да ги ограничи руските средства за војната во Украина, пренесува Ројтерс.
Тарифите за одредени ѓубрива на база на азот од Русија и Белорусија постепено ќе се зголемуваат во текот на следните три години со цел европскиот пазар непречено да се прилагоди, од 6,5 проценти на речиси 100 проценти, што се очекува целосно да ја запре трговијата со оваа стока.
Европската унија во иднина ќе воведе царина од 50 проценти на претходно несанкционирани земјоделски производи од овие земји, вклучувајќи шеќер, брашно, оцет и храна за животни, според веб-страницата на ЕП.
Се очекува овие мерки да стапат на сила на 1 јули.