Цените на природниот гас во Европа треба да се нормализираат дури во 2025 година со употреба на течен природен гас (ЛНГ) и зајакнување на заедничката инфраструктура.
Според извештајот на агенцијата „Фич“ насловен „Најлошата гасна криза во Европа заврши“, обезбедувањето на течен природен гас и зајакнувањето на инфраструктурата се издвојуваат како клучни фактори за долгорочното снабдување со гас во Европа.
Зголемената понуда на ЛНГ во Европа, благите временски услови и чекорите за намалување на побарувачката го избегнаа најлошото сценарио за време на енергетската криза. Побарувачката за гас во Европската унија е намалена за 10 отсто во 2022 година.
Во извештајот на агенцијата „Фич“ се наведува дека побарувачката се очекува да продолжи да паѓа оваа година и да достигне 15 проценти.
Исто така, се очекува дека ЛНГ, кој е главниот алтернативен извор во намалувањето на зависноста од рускиот гас во енергетската криза, ќе продолжи да ја одржува својата важност во Европа.