ЕВРОПА ПОДГОТВУВА ПЕКОЛЕН ПЛАН “Б“ ЗА УНГАРИЈА – Виктор Орбан повеќе нема да носи одлуки !?

Европската унија подготвува резервен план за испраќање помош за Украина во вредност до 20 милијарди евра, со што би се заобиколило ветото на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, пишува угледниот весник Financial Times, повикувајќи се на неименувани официјални лица.

Откако лидерите на ЕУ не успеаја да се договорат за планираниот четиригодишен пакет од 50 милијарди евра за Украина претходно овој месец, властите бараа алтернативи за да го спасат Киев од претстојната буџетска криза, пишува весникот.

Официјални лица кои учествуваат во разговорите изјавиле за Financial Times дека планот на ЕУ се однесува на гаранциите што ќе ги дадат земјите-членки, што ќе и овозможи на Европската комисија да позајми до 20 милијарди евра за да и помогне на Украина.

За планот се уште се преговара, а точната сума ќе биде одредена според потребите на Украина и нејзината Армија.

Што е најважно, за таков план нема да бидат потребни гаранции од сите 27 земји0членки на ЕУ, сè додека би бил поддржан од земјите со највисок кредитен рејтинг.

Со ова, според весникот, ЕУ би можела да го заобиколи ветото на Унгарија бидејќи нема да биде потребна едногласна поддршка.

На некои земји, вклучително и Германија и Холандија, ќе им треба парламентарно одобрение, процес кој властите се надеваат дека може да биде завршен навреме за помошта да биде испратена до Украина до март 2024 година.

Доколку европските лидери се договорат за планот до 1. февруари, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) би можел да ослободи околу 900 милиони долари кои би му помогнале на Киев да избегне печатење пари и зголемена инфлација.

Виктор ОрбанвојнаЕвропската унијапариполитикаРусијаУкраинаУнгарија