“ЕВРОПА СО ПОВЕЌЕ БРЗИНИ“ – Презентиран француско-германскиот план за проширување на Европската унија: Ова значи многу за иднината на Македонија

Франција и Германија денес пред Министерскиот совет на Европската унија доставија предлог за внатрешни реформи кои ќе овозможат успешно функционирање на ЕУ по нејзиното проширување на триесет или повеќе членки.

Во планот што пред европските министри во Брисел го претставија француските и германските министри за Европа, Лоренс Бон и Ана Лурман, се предлага да се премине на мнозинско одлучување во речиси сите области на дејствување, да се зголеми буџетот на ЕУ и да се засилат правилата за заштита на владеењето на правото и демократијата.

Олаф Шолц и Емануел Макрон

Документот предвидува намалување на бројот на комесари во Европската комисија и ограничување на бројот на европски пратеници на сегашните 751.

Предлогот на француско-германската група експерти се залага за прием на нови земји во групи, според принципот на „регата“, наместо посебен прием на сите кандидати.

Од друга страна, планот предвидува механизам со кој новите членки не би имале право на вето за прашањата на проширувањето одреден временски период, за да се избегне блокирање на земјите кандидати поради билатерални проблеми.

Според документот, пристапниот процес треба да се води од четири главни принципи – почитување на владеењето на правото и демократијата, геополитички причини, решавање на меѓусебните конфликти, дополнителна финансиска и техничка помош и демократска легитимност на процесот.

Француско-германскиот план го предвидува принципот на концентрични кругови во идната проширена ЕУ, односно еден вид „Европа со повеќе брзини“.

Според предлогот, би имало четири различни кругови на интеграција – 1.) внатрешниот круг, во кој би имало земји кои сакаат поблиска интеграција во одредени области, 2.) сегашната ЕУ, 3.) придружните членки и 4.) форум на европски лидери кој вклучува земји внатре и надвор од ЕУ.

Извори од Брисел велат дека француско-германскиот предлог е значаен чекор напред во тековната дебата за подготовките за следното проширување на ЕУ. Идеите наведени во предлогот се очекува да бидат основа за дебата на 27-те лидери на ЕУ на самитот на почетокот на октомври во Гранада, Шпанија.

ГерманијаЕвропска унијареформиФранција