Европа ќе има нов фудбалски шампион!

 Швајцарија ја симна Италија од тронот и се пласираше во четвртфиналето на ЕП 2024.

На Олимпискиот стадион во Берлин, избраниците на Мурат Јакин целосно ги надиграа „азурите“ и победија само со 2:0. Головите за големиот успех ги постигнаа Ремо Фрујлер во 37. минута и Рубен Варгас секунди по рестартот на играта.

Од тимот на Италија, само Џанлуиџи Донарума се претстави добро, спасувајќи ја својата земја од пораз и тотален срам на ЕП 2024. Цели 90 минути Федерико Киеза и друштвото речиси и не создаваа сериозна опасност пред Јан Сомер

Така Стариот континент ќе има нов шампион, а во спор за пласман во полуфиналето, жилавите Швајцарци го чекаат победникот од двојката Англија-Словачка, кои се соочуваат утре.