– Европската Унија (ЕУ) денес договори нови санкции за Белорусија во обид да го спречи избегнувањето на казните наметнати на Русија за нејзината војна против Украина.
„Амбасадорите на ЕУ, во принцип, се договорија за новиот пакет санкции насочени кон Белорусија“, соопшти Белгија, претседавач со Европската Унија.
Се додава дека овој пакет ќе го зајакне одговорот на руската инвазија врз Украина, вклучително и борбата против избегнувањето санкции.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поздравувајќи го развојот на настаните, изјави дека со овој пакет го зголемуваат притисокот врз двете земји и ги прават санкциите за Русија уште поефикасни.
„Белорусија повеќе не смее да служи како начин за избегнување на нашите санкции за Русија“, додаде Фон дер Лејен.
Пред руската „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година, ЕУ веќе ја санкционираше Белорусија поради задушување на протестите.
ЕУ воведе 14 пакети санкции за Русија поради војната во Украина.