Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бурбок, јасно порача дека иднината на Украина е во Европската унија.
„Наскоро нашата заедница на слободата ќе се протега од Лисабон до Луганск“, изјави таа.
За возврат, потпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, иронично реагираше на изјавата на Аналена Бурбок, потсетувајќи се на нејзината чудна изјава во февруари оваа година.
„Или влегуваме во ЕУ, или заборавила да додаде за потребата да се свртиме за 360 степени“, напиша таа на нејзиниот профил на социјалната мрежа Телеграм.
Да потсетиме дека во февруари 2023 година, на дискусија на Минхенската безбедносна конференција, Аналена Бурбок кажа дека верува дека Русија може да го израдува целиот свет ако ја сврти својата политика за 360 степени.
На 28. февруари 2022 година, Володимир Зеленски потпиша барање за влез на Украина во Европската унија, а во јуни и беше доделен статус на кандидат. За да започне преговори, официјален Киев треба да исполни многу услови.